До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Реал Мадрид Тиаго Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата на Мароко.
Иако е роден во Фуенлабрада, Питарч има мароканско потекло и државјанство и може да избере меѓу Шпанија и оваа африканска земја.
Јавно го повика и голманот на Мароко, Боно.
„Тиаго би можел да игра за Мароко. Има семејство овде, исто како и во Шпанија. Тој ќе одлучи како што чувствува и мисли дека е најдобро. Но, сакаме да знае дека го чекаме со раширени раце. Секој играч со марокански корени е добредојден. Особено ако е играч на Реал Мадрид, што значи дека има огромен квалитет”, рече Боно.
Инаку, Питарч играше за U19 и U20 селекцијата на Шпанија, но сè уште не добил повик од селекторот Луис Де Ла Фуенте.
















