До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вториот тенисер во светот Италијанот Јаник Синер ја освои титулата на мастерсот во Мајами, откако ноќеска во финалето го победи 22. тенисер во светот Чесите Јиржи Лехечка по два сета, 6:4, 6:4.
По еден час и 34 минути, Синер стигна до нова титула и тоа без поголеми осцилации. Двапати му го зема сервисот на чешкиот тенисер, додека Лехечка не успеа да освои ниту еден.
Италијанскиот тенисер запиша 10 аса, додека Лехечка освои пет поени непосредно од сервис.
За Синер ова е втората освоена титула на мастерсот во Мајами, како и вкупно 26. ATP титула во кариерата.
Тоашто е впечатливо е дека стана првиот тенисер од 2017 година кој го освои таканаречениот “Саншајн дабл”, односно победи и во Индијан Велс и во Мајами истата сезона. Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер го направија тоа неколкупати, но Италијанецот е првиот на кој му успеа тоа без изгубен сет.















