До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски за неколку месеци останува без договор со Барселона.
Постои можност тој да остане во Каталонија иако има 38 години и да ја продолжи соработката за уште една сезона. Во клубот се внимателни бидејќи сомневаат дека тој може да го одржи континуитетот во својата форма и здравје и следната сезона, така што сè е уште отворено.
Сепак, Полјакот не е мал трошок за Барселона бидејќи годишно заработува 26.000.000 евра бруто, со бонуси, па новиот договор би вклучувал намалување на неговите примања. Тоа е нешто за кое тој е свесен и нема да добие приближна нето сума во кој било друг европски клуб.
Жоан Лапорта неодамна призна дека Левандовски има повици од Саудиска Арабија и дека станува збор за големи суми, но тој засега размислува на поинаков начин. Слично е и со МЛС лигата. Тие два шампионата се прилично со пониски квалитети од шпанската лига и насоката е кон пензија што во овој момент тој не ја разгледува.
















