Еве што го кочи „отказот“ на Гатузо


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот фудбал повторно доживува криза. Откако не успеа да се пласира на трето последователно Светско првенство, се започна вистински домино-ефект. 

Габриеле Гравина и Џанлуиџи Буфон веќе ги напуштија своите функции, а Corriere della Sera пишува дека селекторот Џенаро Гатузо е пред заминување! Шансите да остане на клупата стануваат сè помали, а по заминувањето на Буфон практично се сведени на минимум.

Следните часови ќе бидат клучни за расплетот на целата ситуација, а Гатузо моментално преговара за завршните детали на раскинот на договорот, особено околу статусот на членовите на стручниот штаб и нивните плати до јуни.

Неуспехот во квалификациите донесе и финансиски загуби, Италијанците останаа без околу милион евра награда, но многу поголем проблем е спортскиот удар. Сè упатува на тоа дека италијанската репрезентација ја чека голема реконструкција…