До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал оваа недела имаат две исклучително важни средби, а Микел Артета сè уште се соочува со кадровски проблеми.
Според последните информации, денешниот тренинг повторно го пропуштија – Букајо Сака, Мартин Одегард, Рикардо Калафиори и Јуријен Тимбер, како и – Деклан Рајс.
За сега не е познато дали станува збор за полесна повреда, или непријатност поради која Микел Артета го поштедил својот клучен играч во средниот ред.
Арсенал го пречекува Спортинг во среда во 21:00 часот, но бидејќи има предност од првиот меч од 1:0, многу е веројатно дека Артета ќе одмори некои важни играчи, како Рајс, за големиот неделен дерби со Манчестер сити.
Арсенал викендот изгуби од Борнмут, па Сити, со победа над Челси, се доближи на шест поени разлика со еден натпревар помалку, така што неделниот меч на “Етихад” е практично финале на Премиер лигата.
Останува да видиме во каков состав ќе излезе Артета во среда против Спортинг, односно кој ќе биде целосно одморен и свеж за натпреварот во недела во 17:30 часот во Манчестер.
















