Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе играат во финалето на Лига на шампиони и ќе ја бранат титулата која ја освоија минатата година.
Францускиот тим вечерва во Минхен одигра нерешено со Баерн со резултат 1:1 и со вкупен резултат од 6:5 го доби овој спектакуларен двобој.
Пред осум дена овие тимови приредија еден од најдобрите окршаи во историјата на Лига на шампиони, Паризаните победија со 5:4, сега не беше така, гледавме сосема различен дуел, и по се што се случи, може да се констатира дека понатаму помина поквалитетниот тим.
ПСЖ ќе се бори за престижниот трофеј, втор по ред и втор во историјата на клубот, со Арсенал, на 30 мај во Будимпешта. „Топчиите“ ќе играат тогаш за својата прва титула шампион на Европа.
















