Има само еден човек кој може да го оживее Реал Мадрид, а тоа е – Мурињо!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во Реал Мадрид сериозно размислуваат за големи промени во тимот по турбулентната сезона, а раководството смета дека е потребен нов менталитет во соблекувалната, пренесува „Атлетик“.

Според извештајот, во клубот веруваат дека Жозе Мурињо е идеалниот човек кој може повторно да воведе дисциплина, авторитет и победнички дух во тимот. Португалскиот стратег веќе има оставено силен белег во мадридскиот клуб, а неговото име повторно се поврзува со можна сензационална камбек-приказна на „Сантијаго Бернабеу“.

Наводно, дел од луѓето во клубот сметаат дека актуелниот состав има потреба од тренер со силен карактер, кој ќе знае да се справи со притисокот и големите ѕвезди во соблекувалната. Токму поради тоа, Мурињо се гледа како кандидат кој би можел да донесе нова енергија и стабилност.