„Торцида“ запали голем транспарент на „Бед Блу Бојс“ во Загреб (Видео)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Инцидент го одбележа големото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит на стадионот „Максимир“, откако на трибините беше запален транспарент на навивачката група „Бед Блу Бојс“.

Според информациите на хрватските медиуми, зад потегот стојат нивните големи ривали од „Торцида“, а снимка од случувањата брзо почна да се шири на социјалните мрежи.