Неговата приказна во Мадрид е завршена: Реал се откажа од големата ѕвезда!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид донесе голема одлука. Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени не е во плановите на клубот за следната сезона.

Откако се степа во соблекувалната со клупскиот колега Федерико Валверде, кој заврши во болница, францускиот играч за врска Орелиен Чуамени е прецртан во кралскиот клуб.

Извори од Шпанија тврдат дека челниците на Реал веќе донеле одлука 26-годишниот да биде на трансфер листата.

„Реал Мадрид е подготвен да се раздели со Орелиен Чуамени по тепачката со Федерико Валверде”, наведе и дополни:

„Планот е парите од неговата продажба да се искористат за доведување на играчот за врска од Манчестер Сити – Родри.”