Перез ги прифати сите услови на Мурињо, па му кажа што мора веднаш да направи кога ќе го потпише договорот


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според сè изгледа Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, бидејќи Флорентино Перез ги прифати сите услови кои ги постави португалскиот тренер, но потоа претседателот на Кралевите му порача на Специјалниот што мора да направи веќе првиот ден кога ќе дојде во клубот.

Реал Мадрид поминува низ најголемата криза во последните години, а освен резултатските неуспеси, клубот го тресат и скандали предизвикани од многу лошата атмосфера во соблекувалната.

Ова најверојатно ќе биде втора последователна сезона без трофеј за Реал, што е јасно еднакво на катастрофа за овој клуб, но малкумина очекуваа дека внатре во тимот ќе доживеат целосен распад на системот.

Сè започна со откривањето на валканите тајни од соблекувалната, а кулминираше со жестоката тепачка помеѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени на тренинг.

Перез се обидува на сите начини да ја врати контролата над тимот и изгледа дека одлучи дека најдобрата личност за тоа е Жозе Мурињо, кој според сите изгледи ќе се врати на клупата на Реал.

Шпанските медиуми објавија дека Реал ги прифати сите услови на Мурињо за да се врати по 13 години во Мадрид, но и дека Перез за него имаше јасен услов кој мора да го исполни веднаш по доаѓањето во клубот.

Претседателот на Реал му порача на Мурињо дека веднаш по доаѓањето мора да направи правилник и да воспостави авторитет во соблекувалната на Реал.

Целта е да воспостават строги правила за да го контролираат однесувањето на играчите и да спречат скандали кои моментално го тресат клубот, како и правилникот кој ќе биде донесен да го почитуваат сите фудбалери без оглед на хиерархијата во тимот.