Најслатката победа над Реал Мадрид: Барселона ја освои титулата во Ла Лига (ВИДЕО)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона славеа во големото дерби против Реал Мадрид со 2-0 во 35. коло од Ла Лига, со што и математички го обезбедија трофејот во шампионатот.

Барселона до водство стигна уште во 9. минута, кога Маркус Рашфорд погоди маестрално од слободен удар, а само девет минути подоцна предноста ја зголеми Феран Торес по асистенција од Дани Олмо.

Со оваа победа, каталонскиот тим стигна до 91 бод на три кола пред крајот и ја освои титулата во Ла Лига, додека Реал Мадрид останува втор со 77 поени.