Во март го исмеваше целиот свет, денес е херој на Тотенхем (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред само два месеца се поставуваше прашањето дали голманот на Тотенхем Антонин Кински некогаш ќе застане повторно меѓу стативите на лондонскиот клуб.

Чешкиот репрезентативец помина низ вистински кошмар во март, за време на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, кога за само 17 минути прими три гола и беше заменет од тогашниот тренер Игор Тудор.

Чешкиот голман со крајни напори ја зафати топката со врвовите на прстите и ја насочи во пречката, спречувајќи погодок што можеше сериозно да го загрози статусот на Тотенхем во елитата.