Мбапе одбил да игра на „Бернабеу“ до крај на сезоната – позната е причината!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Килијан Мбапе се соочува со сериозни критики од дел од навивачите на Реал Мадрид, а шпанските медиуми тврдат дека напаѓачот донел необична одлука.

Незадоволството кај навивачите расте веќе подолго време, па дури беше покрената и петиција за негово заминување од клубот. Освен тоа, Мбапе во неколку наврати беше исвиркан и на „Сантијаго Бернабеу“.

Според информациите, францускиот ас не сака повторно да настапи на домашниот стадион до крајот на сезоната, со цел да избегне нови непријатни реакции од трибините.