Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Баерн Минхен го подигна трофејот на Бундеслигата со победа од 5:1 против Келн, а пред последниот домашен натпревар за оваа сезона клубот се прости од тројца играчи кои го напуштаат на крајот од сезоната – Леон Горецка, Рафаел Гереро и Николас Џексон.
Особено емотивно беше разделувањето со Горецка, кој беше клучен член на една од најуспешните генерации на баварскиот гигант, па навивачите во Алијанц Арена го испратија со силен аплауз и транспаренти.
Горецка во текот на осум години се профилираше како еден од водачите во соблекувалната, а навивачите го ценеа за неговата борбеност и преданост кон клубот.
Во последните сезони не беше секогаш во прв план, но остана важен дел од тимот и играч на доверба во клучните натпревари.
Одигра 311 натпревари со 51 гол и 53 асистенции, а го поврзуваат со Милано каде најверојатно ќе ја продолжи кариерата.
Од навивачите се прости и Португалецот Гереро кој беше исклучително корисен играч во ротација, покривајќи различни позиции каде и да беше потребно.
Одигра 94 натпревари со 14 голови и осум асистенции за Баерн откако пристигна летото 2023 година од Борусија Дортмунд, а се спомнува дека Бенфика е заинтересирана за доведување на 32-годишниот Португалец.
Клубот го напушта и напаѓачот Николас Џексон, кој по истекот на заемот се враќа во Челзи, а Сенегалецот оваа сезона беше замена за Хари Кејн постигнувајќи 11 голови и четири асистенции во 34 натпревари.
















