Бразилец падна во несвест кога дозна дека оди на Светското првенство (ВИДЕО)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е важна фудбалската култура во Јужна Америка.

Бразилскиот голман Вевертоn не можеше да ги сокрие емоциите откако дознал дека е на списокот на Карло Анчелоти за Светското првенство во Америка, Канада и Мексико.

Искусниот голман на Гремио објави снимка од својот дом на која се гледа како неговото семејство ја слави објавата на селекторот, а во еден момент тој само падна во несвест.

Додека членовите на семејството скокаа и славеа, тој изгуби свест, а сцената брзо стана голем хит на социјалните мрежи.

Во Бразил, голманот на Гремио Вевертоn се онесвести од возбуда откако дозна дека оди на Светското првенство… и никој не забележа бидејќи беа преокупирани со славењето 😂pic.twitter.com/2LW3yTmm9T— Troll Football Media (@TrollFootball2) мај 21, 2026

.