Драма во Реал Мадрид: Судир на лути непријатели, големиот газда насетува заверa


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид е уверен дека Игнасио Санчез Галан, претседател на групацијата Ибердрола и негов долгогодишен бизнис соперник, стои зад претседателската кандидатура на Енрике Рикелме…

Изборите за претседател и Управниот одбор на Реал Мадрид ќе се одржат во недела, на 7 јуни. Ќе се спроведат во кошаркарската сала на спортскиот град Реал Мадрид (Сијудад Реал Мадрид), а кандидати за управување со Кралскиот клуб во следните четири години се Флорентино Перез и Енрике Рикелме.

Шпанските медиуми пишуваат дека Перез нема никакви сомнежи дека Рикелме има поддршка од Игнасио Санчез Галан, претседателот на групацијата Ибердрола и негов голем бизнис соперник. Станува збор за уште една клучна претприемачка фигура во Шпанија, со која претседателот на Кралскиот клуб има недоразбирања веќе две децении, уште откако Перез се обидел да ја преземе Ибердрола преку Унион Феноса, компанија во која тогаш ACS, огромната градежна компанија на Перез, имал удел.