Артета откри кој сакаше да го изведе петтиот пенал на Арсенал


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Микел Артета на прес-конференцијата по финалето на Лигата на шампионите откри кој сакал да го изведе петтиот пенал кој стана „фатален“ за Арсенал.

Тимот од Лондон одлично го отвори натпреварот и поведе уште во шестата минута преку Кај Хаверц, со што навести дека конечно може да стигне до долгоочекуваниот европски трофеј.

Сепак, ПСЖ постепено ја презеде иницијативата и во второто полувреме стигна до израмнување преку Усмани Дембеле, кој беше сигурен од белата точка.

До крајот на регуларниот дел резултатот не се измени, а ниту продолженијата не донесоа победник, па одлуката за шампионот падна дури по пенал-серијата.

По натпреварот, големо внимание привлече изјавата на тренерот на Арсенал, Микел Артета, кој откри интересен детал од пенал-серијата.

„Габриел сакаше да го изведе петтиот пенал“, рече шпанскиот стратег по натпреварот.