Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона почна правна постапка против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, обвинувајќи го за клевета и нарушување на угледот на каталонскиот клуб.
Шпанскиот гигант соопшти дека поднел задолжително барање за помирување пред официјално да покрене тужба согласно членот 205 од Кривичниот законик. Причина за ваквиот чекор се изјавите што Перез ги дал на прес-конференцијата на 12 мај, како и во интервју дадено ден подоцна.
Од Барселона наведуваат дека целта на постапката е првиот човек на Реал Мадрид јавно да ги повлече спорните тврдења, за кои клубот смета дека биле изнесени со сознание дека се невистинити и дека сериозно го нарушуваат имиџот и репутацијата на клубот.
„Барселона информира дека е поднесено задолжителното барање за помирување пред поднесување кривична пријава за клевета против претседателот на Реал Мадрид, господинот Флорентино Перез“, се наведува во соопштението на каталонскиот клуб.
















