Клоп „распали“: Ова не личи на ништо, за кого се игра Светското првенство?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светското првенство во фудбал се одржува во Америка, Канада и Мексико и се појавуваат сè повеќе критики за организаторите. Малкумина се тие што смеат јавно тоа да го истакнат. Eден од нив е Јирген Клоп, кој се осмели да пред камерите зборува за она што го гледа. Му пречат обврзните паузи за хидратација на играчите.

ФИФА донесе одлука во секое полувреме, на средината од двете полувремиња, да воведе триминутна пауза за одмор на играчите и хидратација. Како причина наведоа дека се работи за високи температури. Она што е вистина е дека во тие три минути телевизиите прикажуваат реклами и сето тоа е направено заради маркетинг. Тоа го знае и познатиот германски тренер.

Фудбалот е киднапиран од луѓе кои се кријат во климатизирани канцеларии. Додека гледам како играчите стојат покрај теренот поради ТВ тајм-аути и така го уништуваат ритамот на натпреварот, се запрашувам… Се прашувам за кого е ова Светско првенство? За навивачите? Играчите? Или за оние што се рекламираат”, рече Клоп за германскиот “ЗДФ”, еден од емитерите на шампионатот.