Иранец во срцето на Америка почна да „пука“ (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иран одигра натпревар без победник (2:2) против Нов Зеланд во Лос Анџелес, кој го привлече вниманието на целиот свет, и по кој се бара исфрлање од турнирот на фудбалерот Мохамад Мохеби поради начинот на кој го прослави својот гол.

Мохамад Мохеби постигна израмнувачки гол за селекцијата на Иран против Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство, а она што го стори за време на прославата предизвика прилична хаос.

Прославувајќи го голот, 27-годишниот напаѓач на рускиот Ростов имитираше пукање од пиштол и го насочи кон публиката. Фудбалските фанови веднаш реагираа на социјалните мрежи, барајќи исфрлање на Мохеби од Светското првенство.

Иранскиот играч Мохеби направи прослава со пиштол на американско тло 😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/6qQ40tcbPW https://t.co/cAyGTsTxmp— Никола June 16, 2026

.