Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Еквадор ја совлада Германија со 2:1 и влезе во нокаут-фазата на Светското првенство во фудбал. Притоа, беше видено и најлудото славење на победа, откако селекторот на Еквадор Себастијан Бекасесе ја прескокна заштитната ограда на стадионот за да ја прослави победата со членовите на своето семејство.
Аргентинскиот стратег ги прегрна своите најблиски по големата победа над Германија. Тоа беше исклучително емотивен момент за Бекасесе, на кого последниот натпревар од групната фаза можеше да биде и последен на клупата на Еквадор.
Имено, Бекасесе пред натпреварот рече дека очекува да ја напушти репрезентацијата доколку неговиот тим не избори пласман во нокаут фазата на Светското првенство.
.pic.twitter.com/rddJNqiat3— FCBgroove. (@GoalGroves) 25 јуни, 2026
















