Најголемата летна трансфер-бомба е спремна: Барса плаќа 150 милиони, но има два услови за трансфер


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Атлетико Мадрид попушти. Јорганџиите се подготвени да го пуштат Хулијан Алварез во Барселона за 150 милиони евра, но со два јасни услова.

Иако направија вистински скандал откако Барселона влезе во преговори со Хулијан Алварез, со низа неверојатни соопштенија и закани со тужби против каталонскиот клуб, челниците на Атлетико Мадрид на крај сепак одлучија да попуштат и да го пуштат Аргентинецот во редовите на големиот ривал.

Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, Атлетико е подготвен да разговара со Барса, но поставија два услова.

Првиот е сумата од 150 милиони да биде исплатена комплетно и тоа однапред без никакви исплати на рати, а вториот е Барса да не нуди никаква размена на играчи.

„По притисокот од страна на Хулијан Алварез, Атлетико Мадрид е подготвен да преговара со Барселона под овие два услова“, се наведува.

Од Шпанија пристигнуваат информации дека следната недела е клучна за разврската на сагата. Доколку Барселона успее да обезбеди гаранции дека ќе парите бидат уплатени на начин како што Атлетико бара, преговорите би можеле да влезат во завршната фаза.