Јокиќ добива брутално засилување, пристигнува Леброн Џејмс?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


По осум сезони, Леброн Џејмс е слободен да избере нова средина, а откако го напушти Лос Анџелес Лејкерс, се појави информација дека може да се приклучи на Никола Јокиќ во Денвер.

“Кралот” Џејмс, најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, играч со најмногу одиграни натпревари и најмногу упатени шутеви, е повторно во центарот на вниманието и изгледа дека тоа совршено му одговара.

Како што објави неговиот агент Рич Пол, постои список на тимови кон кои гледа Леброн Џејмс, а на тој список се и Денвер Нагетс.

Да, возможно е во некој следен период на теренот заедно да ги гледаме Никола Јокиќ и Леброн Џејмс, бидејќи славниот Американец најави дека би бил подготвен да потпише за минималната ветерановска плата.

Ќе видиме дали тоа е маркетиншки трик или навистина неговата желба, бидејќи ако не го избере Денвер, Пол тврди дека Леброн може да се пресели во Минесота, Кливленд, Мајами или Филаделфија.