Како гром од ведро небо: Артета договори засилување за Арсенал


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Арсенал има договорено ново засилување за претстојната сезона, а станува збор за францускиот голман Илан Меслие, кој наскоро треба и официјално да стане нов член на лондонскиот клуб.

Според информациите од познатиот новинар Бен Џејкобс, помеѓу двете страни е постигнат конечен договор, па наскоро се очекува и официјалната потврда на трансферот.

Меслие доаѓа во Арсенал како слободен играч откако ја заврши соработката со Лидс Јунајтед, што претставува одлична можност за “Топџиите” да ангажираат квалитетен чувар на мрежата без отштета.

Францускиот голман со години беше еден од најважните играчи на Лидс, каде стекна големо искуство настапувајќи во Премиер лигата и Чемпионшипот.

Неговото доаѓање дополнително ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција во тимот на Микел Артета пред новата сезона.