Норвежаните се пожалија, ФИФА им обезбеди сместување крај градилиште!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата која можеби е најпријатно изненадување оваа година и која успеа да го совлада Бразил во осминафиналето на Мундијалот, ќе игра во четвртфиналето против Англија, репрезентација која е фаворит во овој дуел.

Норвежаните се соочија со проблем во хотелот, по пристигнувањето на Флорида во хотелот Далмар, по само една преспана ноќ таму, мораа да го променат хотелот. 

Причина?

Норвежаните се пожалија на постојаната бучава од градилиштето кое е покрај хотелот, па итно бараа реакција од ФИФА. Покрај тоа, и сообраќајот околу хотелот беше доста гласен. 

Сојузот се обидува да ги одржи играчите во добро расположение по исфрлањето на Бразил, а сега ја обвинија ФИФА за новиот проблем…

Пронајдено е ново сместување, поскапо, па ФИФА се согласи на промена на хотелот и плаќање на износот кој беше предвиден, а разликата во цената ја платија Норвежаните.