Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јирген Клоп постигна договор со Фудбалската федерација на Германија за преземање на репрезентацијата, пренесуваат германските медиуми.
Според информациите кои ги објави реномираниот новинар Патрик Бергер, конечниот договор е постигнат синоќа во Њујорк.
Се наведува дека Клоп потпиша договор кој ќе важи до завршувањето на Светското првенство 2030 година.
Со тоа, еден од најуспешните германски стручњаци во модерната ера ќе започне ново поглавје од својата богата тренерска кариера.
Клоп зад себе има импресивни резултати остварени на клубско ниво, поради што со години беше еден од најбараните тренери во светот.
















