Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Џејден Адамс, играч за врска на Мамелоди Сандаунс и репрезентацијата на Јужна Африка, почина на 25-годишна возраст, а причината за смртта засега не е позната.
Јужноафриканскиот фудбал е во жалост по веста за ненадејната смрт на репрезентативецот Џејден Адамс.
Играчот за врска на Мамелоди Сандаунс и репрезентацијата на Јужна Африка почина на 25-годишна возраст, а тажната вест ја потврдија неговите претставници и членови на семејството за јужноафриканските медиуми.
Адамс важеше за еден од најталентираните играчи за врска на својата генерација, а зад себе имаше и настап на неодамна завршеното Светско првенство.
Засега не се познати околностите ниту причината за неговата смрт.
















