Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико е во полн замав, а форматот со 48 репрезентации, којшто се применува првпат, се покажа како полн успех. Во ексклузивно интервју, претседателот на FIFA, Џани Инфантино говори за успехот на турнирот, можноста за понатамошно проширување на дури 64 тима и за своите контакти со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Bluewin.
На прашањето дали проширувањето на турнирот беше правилна одлука, Инфантино одговара без околкување.
“Да, стопроцентно! Тоа беше голем успех со 48 тимови. Секоја репрезентација играше на високо ниво. Тимовите од сите континенти постигнаа голови и освоија барем еден бод. Девет од десет африкански тимови стигнаа до нокаут фазата. На минатото Светско првенство имаше само пет тимови од Африка. Ова само покажува колку е важно да се вклучат сите – да им се даде можност за учество.”
















