Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Зинедин Зидан со години чекаше прилика да ја превземе репрезентативната клупа на Франција, но и покрај тоа што заминувањето на Дидие Дешамп отвори место за селектор, потпишувањето на договорот беше спречено од – државната граница за плати.
Само ден по болното испаѓање од Светското првенство и поразот од Шпанија во полуфиналето, Дидие Дешамп потврди дека ја напушта селекторската позиција на Триколорот. Иако фудбалската јавност очекуваше дека Зинедин Зидан веднаш ќе биде именуван за нов селектор, Француската фудбалска федерација (FFF) се соочи со сосема неочекуван и бизарен правен проблем кој го одложи целиот процес.
Како што пренесува угледниот Л’Екип, пречката настана поради новиот закон што беше усвоен на 8 јули од заедничката комисија на францускиот Сенат и Националното собрание.
Со овој закон беше воведена горна граница на плати во некои јавни претпријатија и организации од јавен интерес, која изнесува најмногу 450.000 евра бруто годишно.
Бидејќи оваа одредба се однесува и на селекторот на фудбалската репрезентација, Француската фудбалска федерација се најде во непријатна ситуација.
Споменатиот износ е дури десет пати помал од платата што ја примал досегашниот селектор Дидие Дешамп. За да може Францускиот фудбалски сојуз да му понуди договор на Зидан кој ќе му одговара на неговото реноме и статус, Сојузот сега мора да чека итна измена на законот или донесување специјално изземање.
















