Тухел останува селектор на Англија


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Томас Тухел ја има целосната поддршка од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и се очекува да го предводи националниот тим до Европското првенство 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство, пренесоа денес британските медиуми.

Англија во средата беше поразена од Аргентина со 1:2, со што остана без првото пласирање во финалето на Мундијалот уште од 1966 година. Тухел беше под критики поради измените откако неговиот тим го испушти водството од 1:0 во завршницата на натпреварот, но потврди дека има намера да остане на клупата на репрезентацијата.

“Продолжуваме понатаму согласно договорот до Европското првенство, кое ќе се одржи дома. Со нетрпение го очекувам тоа, иако сега е тешко да се размислува толку однапред. Многу големи фудбалски репрезентации испаднаа пред полуфиналето, така што и ова е успех. Знам дека никој сега не сака да го слушне тоа, ни јас не, зашто секогаш очекуваме најмногу од себе”, рече Тухел, а пренесе “Би Би Си”.

Германскиот стручњак во февруари го продолжи договорот на две години, откако во јануари 2025 ја презеде репрезентацијата со првобитната задача да го освои Светското првенство.