Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мохамед Салах доби неверојатна понуда за продолжување на кариерата и многу тешко ќе ја одбие.
Според информациите од турскиот новинар Тајфун Акаја, деталите за потенцијалниот нов договор на Мохамед Салах во вредност над 40 милиони евра се познати. Договорот му е понуден од страна на Бешикташ.
Наводно на египетскиот фудбалер му е понуден договор на две години, а вкупната вредност на соработката, вклучувајќи ја платата, бонусите и правата за користење на имиџот, според овие информации надминува 40 милиони евра.
Салах би требало според понудените услови да има гарантирана годишна плата од 15 милиони евра.
Покрај тоа, предвидени се и бонуси кои би можеле да изнесуваат околу четири милиони евра годишно, во зависност од остварените резултати и успеси.
Тоа значи дека неговиот годишен приход, кога ќе се вклучат бонусите, би можел да изнесува помеѓу 19 и 20 милиони евра. Договорот, според наведеното од Акаја, би траел две години.
















