Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Андреа Пирло беше на чекор од именување за нов селектор на италијанската репрезентација, но неговото назначување на клупата на Азурите ненадејно беше доведено во прашање поради деловната соработка со руската обложувачка компанија Фонбет.
Откако Пеп Гвардиола ја отфрли можноста да ја преземе италијанската репрезентација, Пирло се наметна како прв избор на раководителите на Фудбалскиот сојуз на Италија (FIGC).
Сепак, последните денови следуваа остри реакции од страна на политичарите, кои целиот процес го искомплицираа значително.
Главната причина за контроверзата е фактот дека легендарниот италијански играч на средниот ред е глобален амбасадор на руската обложувачка компанија Фонбет. Дополнителни критики предизвика неговата промоција на компанијата во Москва, која се одржа за време на војната во Украина, што многу италијански политичари го оценија како неприфатливо за лице кое треба да го претставува националниот тим.
















