Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија во која загина возачот и еден од членови на Динамо од Букурешт, а повеќе лица добија сериозни повреди.
Главната тема на јавноста во Романија ова утро е тешка сообраќајна несреќа која се случи во градот Кампулунг во која две лица загинаа.
Потврдено е дека загина еден член на Динамо од Букурешт, а повеќето од нив се сериозно повредени.
Во несреќата учествуваше комбе во кое се наоѓаше вториот тим на Динамо, и истото излета од патот и се удри во дрво.
За жал, во оваа ужасна несреќа животот го загуби Константин Ковачиу кој беше дел од стручниот штаб на вториот тим на Динамо. Освен членот на Динамо, загина и возачот на ова комбе.
Романските медиуми пренесуваат дека повеќето лица се потешко повредени, и дека извлекувањето на тренерот Адриан Ропотан траело доста долго, но за среќа повеќе не е животно загрозен.
.Реакцијата на клубот Динамо по трагичната несреќа во Аргеш: Член од медицинскиот штаб загина, тренерот Адриан Ропотан е во болницаhttps://t.co/jdncZ7Ev3G pic.twitter.com/VM90r791z9— Realitatea PLUS (@realitatea) 31 јули, 2026
















