Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Алваро Арбелоа буквално создава мала Реал Мадрид екипа во Фулам. Откако ги договори трансферите на Гонзало Гарсија и Сезар Паласиос, следниот што ќе му се приклучи на Арбелоа е – Тијаго Питарч.
Станува збор за играч од средниот ред кој го стекна големо доверие кај Арбелоа за време на пролетниот дел од минатата сезона. Питарч често беше стартер, а за првиот тим на Реал Мадрид има одиграно 16 натпревари со две асистенции.
Тој порасна во Атлетико Мадрид, потоа играше во академиите на Хетафе и Леганес, за да стигне во Реал Кастилја во 2023 година.
Питарч е роден 2007 година, има и мароканско државјанство, но играше за У19 и У20 репрезентацијата на Шпанија.
Фулам ова лето го донесе и Џон Куси-Асааре од Бајерн Минхен за 6.000.000 евра, а наскоро се очекува да се официјализираат и тројца играчи од Реал Мадрид.
















