Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Веќе во првиот ден од август имаме солидна понуда, а во иднина таа ќе биде уште подобра. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Цеље – Марибор – ГГ @ 1.41 во BC.Game
Во словенската лига веќе се изиграа две рунди, а тоа не важи освен за некои екипи кои останаа со по еден натпревар, а една од нив е и Цеље. Тие на премиерата прикажаа солиден натпревар, но за жал останаа само со еден бод бидејќи ремизираа против Мура. Гостите пак после ремито во првото коло, веднаш потоа успеаа да зема три бода, па во моментов се на првото место на табелата. Ние овде очекуваме да гледаме интересен натпревар, а наш предлог тип е ГГ со квота 1.41 во BC.Game.
Салзбург – Хартберг – 1&3+ @ 1.72 во 22Bit
Салзбург во минатата сезона иако имаше амбиции за шампионска титула, тие не успеаа да стигнат до тоа, поточно завршија на третото место на табелата и со тоа обезбедија пласман во квалификациите за Лига Европа. Хартберг од друга страна имаше желба само за навремен опстанок, па и немаа големи проблеми околу тоа. За време на паузата, домаќините изиграа неколку контролни натпревари и запишаа солидни резултати, а нешто сличен учинок оствари и Хартберг. Ние овде очекуваме Салзбург да доминира и типуваме 1&3+ со квота 1.72 во 22Bit.
Лахти – Јаро – 1 @ 1.62 во 20Bet
Во финската Веикаус лига се игра со „полна пареа“. Тимот на Лахти е на самата граница помеѓу плеј оф и плеј аут, но некако бодовно заостана зад Оулу кој е последен тим во плеј оф зоната и нивната разлика е 5 бода. Јаро пак немаше воопшто добри изданија, но во последните три натпревари запишаа две победи и едно реми, па тоа делува како формата да им е подобрена. Сепак на овој натпревар ние немаме дилема и сметаме дека Лахти ќе ги земе трите бода, а наш предлог е 1 со квота 1.62 во 20Bet.
Старт – Викинг – 2 @ 1.52 во 22Bet
Екипата на Старт досега игра катастрофално и после 15 изиграни натпревари остварија 2 победи, 4 реми и 9 порази, а на салдото имаат само 10 бода, па тоа е доволен показател дека последната позиција им е сосема заслужена. Викинг од друга страна е на горниот дел на табелата, поточно на второто место со само еден бод помалку од Бодо, а како што стојат работите предвидуваме за овој тим тешка борба за титула до самиот крај на сезона. Веруваме дека на овој дуел без проблем ќе победат гостите, а наш предлог е 2 со квота 1.52 во 22Bet.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 5.97
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk











