Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вистински трансфер трилер се одвива во Турција. Според информациите на познатиот спортски новинар и инсајдер Санти Аоуна, Трабзонспор е на прагот да направи еден од најголемите пресврти на фудбалскиот пазар и да го донесе Мохамед Салах во своите редови.
Трабзонспор реагираше исклучително брзо и влезе во напредни преговори со агентот на египетскиот напаѓач. Раководството на турскиот клуб е чекор до постигнување целосен договор со играчот, со што би извеле вистински трансфер подвиг.
Поради овој изненаден и истовремено агресивен потег на ривалот, Бешикташ официјално ги прекина сите понатамошни преговори со таборот на Салах до понатаму.
Работите стануваат уште позанимливи, бидејќи истанбулскиот клуб веќе имаше усмен договор со Египќанецот. Понудата на Бешикташ вклучуваше договор на една година со опција за продолжување на уште една, со гарантирана нето плата од 10 милиони евра по сезона и дополнителни 2 милиони евра преку бонуси.
















