Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени промени во календарот за два натпревари на македонскиот шампион во групната фаза од Лигата на шампионите.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го измени распоредот на средбите против Нант и Висла Плоцк, а клубот веќе ги информираше своите симпатизери за новите термини.
Домашниот натпревар против Нант од второто коло ќе се одигра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, но наместо во првично планираниот термин од 20:45 часот, средбата ќе започне два часа порано – во 18:45 часот.
Промена има и за гостувањето во Полска кај Висла Плоцк. Дуелот од четвртото коло, кој првично беше закажан за 15 октомври, ќе се одигра еден ден порано, на 14 октомври, со почеток во 18:45 часот.











