Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Капитенот на Tottenham, Кристијан Ромеро би можел да оствари еден од најконтроверзните трансфери во последните години. Британскиот The Sun пишува дека 28-годишниот аргентински дефанзивец е отворен за премин во редовите на најголемиот ривал, Арсенал.
Оваа информација се појави само еден ден откако медиумите објавија дека Ромеро договорил лични услови со Atletico Madrid и дека токму шпанскиот клуб е неговата посакувана дестинација.
Според The Sun, Арсенал покажал интерес поради повредата на Вилијам Салиба, а Ромеро би бил подготвен да ја разгледа понудата. Tottenham засега ја отфрла можноста за продажба на капитенот на директен ривал.
Во трката остануваат Atletico, кој наводно подготвува понуда од околу 46 милиони евра, и Интер. Ако трансферот во Арсенал сепак се оствари, Ромеро би станал првиот играч по Вилијам Галас од 2010 година кој директно преминал од Tottenham во Арсенал.
















