Важен потпис, Доку во Сити до 2031 година


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити Жереми Доку денес потпиша нов петгодишен договор со овој премиерлигаш. 

Белгискиот репрезентативец сега е врзан за Сити до 2031 година. 

Тој во клубот дојде од француски Рен во 2023 година.

Доку изјави дека се чувствува добро во Сити и дека се радува на играње под водство на новоангажираниот менаџер Енцо Мареска, чиишто план за играње во голема мера се потпира на крилните играчи.

“Тоа е стил на фудбал што го сакаме, па тоа е возбудливо за играчите“, рече Доку.

Овој 24-годишен фудбалер досега за Манчестер Сити одигра 131 натпревар и постигна 22 гола. Доку со Сити освои пет трофеи – една Премиер лига, ФА Куп, Лига Куп, Светско клупско првенство и Комјунити Шилд.