Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако имаше договор до јуни 2027 година, решено е да дојде до спогодбено раскинување меѓу Пол Погба и Монако, така што од денеска е слободен во изборот на нова средина.
„Би сакал да му се заблагодарам на претседателот и управата на клубот, соиграчите, сите членови на стручниот штаб и секој навивач кој веруваше во мене. Претставувањето на овој клуб и кнежевината беше неверојатно искуство.
Монако е неверојатен клуб и, иако не одиграв колку што се надевав, секогаш ќе бидам благодарен за можноста да ги носам нивните бои“, истакна Пол Погба.
Минатата сезона Пол Погба одигра само 105 минути за Монако, првиот натпревар по две години го одигра во ноември месец, но серијата повреди влијаеше да го напушти клубот.
















