Ужас на стадионот на англиски клуб: Пронајдено безживотно тело на маж, полицијата започна истрага


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Трагични вести доаѓаат од Англија. На стадионот „Д Вајли“, домот на фудбалерите на Чарлтон Атлетик, пронајдено е безживотно тело на маж, по што полицијата започна истрага.

Од Чарлтон се огласија повод настанот и потврдија дека полицијата е повикана на стадионот по инцидентот што се случил во раните утрински часови во понеделник.

Клубот во официјално соопштение наведува дека истрагата сè уште трае и ги повикува сите потенцијални сведоци да се јават во полиција.

„Полицијата денес беше повикана на стадионот по инцидентот што се случи во раните утрински часови во понеделник. За жал, мажот беше прогласен за мртов на лице место. Случајот е сè уште под истрага. Се молат сите што имаат информации или можеби биле сведоци на инцидентот да контактираат со полицијата“, соопшти Чарлтон.