Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Враќањето на Доминик Ливаковиќ во Динамо изминатите денови повторно е една од главните теми во хрватскиот фудбал, но целата приказна сега сериозно ја комплицира – Барселона.
Хрватскиот репрезентативен голман сè повеќе се поврзува со каталонскиот великан, а во хрватските медиуми се појавија информации за сценарио според кое Барселона би го купила Ливаковиќ од Фенербахче и потоа би го испратила на едногодишна позајмица во Динамо.
Таквата опција на прв поглед делува привлечна за сите страни. Ливаковиќ би добил минутажа и можност да се врати во познатата средина, додека Барселона би си обезбедила искусен голман за иднината.
















