Лапорта застана пред новинарите и упати директна порака до Атлетико Мадрид


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џоан Лапорта повторно отворено зборуваше за иднината на Јулиан Алварез и потврди дека Барселона не се откажала од намерите да го доведе аргентинскиот напаѓач од Атлетико Мадрид.

Претседателот на каталонскиот клуб јасно порача дека Алварез и понатаму е голема желба на Барселона, но дека реализацијата на трансферот зависи од тоа дали Атлетико Мадрид ќе биде подготвен да го продаде својот напаѓач.

„Сè уште сме многу заинтересирани за потписот на Јулиан Алварез“, рече Лапорта.

Барселона, според неговите зборови, е подготвена да го заврши трансферот ако Атлетико се согласи на продажба и ако двете страни успеат да постигнат договор околу понудата што каталонскиот клуб веќе ја претстави.