Гендузи проговори за големиот инцидент по натпреварот со Лион: Ја навредуваа мојата фамилија…


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Матео Гендузи беше еден од главните актери во хаотичните сцени по реванш натпреварот од плеј-офот за Лигата на шампионите, во кој Фенербахче го совлада Лион со 2:1 и се избори за место во елитната европска конкуренција.

Францускиот играч за врска, некогашен играч на Олимпик од Марсеј, ја прослави победата со извик „Напред OM“, кој го упати кон телевизиската камера, додека пред домашните навивачи го покажа и препознатливиот знак на францускиот рапер Јул.

Неговата прослава дополнително ја разгоре веќе запалената атмосфера, поради што дојде до судир на теренот, кој подоцна се пренесе и во тунелот на стадионот Групама.

Гендузи по натпреварот во микс-зоната зборуваше за инцидентите и откри што ја предизвика неговата прослава. Според него, навредите кон неговата фамилија од трибините започнале уште за време на загревањето.

„Кога имате 60.000 луѓе кои ја навредуваат вашата фамилија, мајка и деца, уште пред почетокот на натпреварот, а ниту еден од судиите не реагира и не им кажува на навивачите да престанат… Знам дека во Франција во вакви ситуации се разговара со навивачите и натпреварот може да биде прекинат. За време на сите 90 минути, па и подолго вклучувајќи го загревањето, ја навредуваа мојата фамилија. Такви работи ве повредуваат“, рече Гендузи за L’Ekip.