Активирана бомба на „Енфилд“, вкупна цена до 140.000.000 евра!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул конечно успеа да постигне договор со Пари Сен Жермен и Бредли Баркола ќе биде четврто засилување на Црвените ова лето.

Како што пренесоа многу извори, ПСЖ конечно одлучи да ја прифати понудата на Ливерпул која изнесува до 140.000.000 евра со сите бонуси.

Французинот одамна ги договори личните услови, ПСЖ денес ја прифати понудата и се очекува дека веќе денес Баркола ќе отпатува на лекарски прегледи и потпишување на договор како второто најскапо засилување во историјата.

Баркола ќе го надмине Флоријан Вирц, кој беше платен 125 милиони евра, но и кај него обештетувањето расте со бонусите. Најскапо засилување и натаму останува Александер Исак, кој лани беше платен на Њукасл дури 145 милиони.

Баркола ќе стане ново важно засилување во нападот, покрај Виктор Муњоз, а заедно со Коди Гакпо, Риу Енгумо, Флоријан Вирц и Александер Исак.