Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Ливерпул и англиската репрезентација, а сега телевизиски аналитичар Џејми Карагер, се соочува со прогласување за банкрот поради неплатен даночен долг кој, според извештаите, изнесува помеѓу 700.000 и 800.000 фунти.
Документите кои ги имал на увид BBC покажуваат дека во средата е започната постапката против Џејмс Ли Дункан Карагер.
Барањето за отворање на стечајната постапка го поднеле правните претставници на британската Даночна и царинска управа (HMRC), а информацијата прв ја објави CITY AM.
Од HMRC не сакаа да го коментираат конкретниот случај, но објаснија како постапуваат со лицата кои имаат даночни долгови.
“Настојуваме да ја поддржиме клиентите кои имаат даночни долгови и правиме се што можеме за да им помогнеме на оние кои соработуваат со нас да излезат од долговите, вклучувајќи ја можноста за отплата на рати. Барање за банкрот поднесуваме само како последна опција,” соопштија од HMRC.
















