Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челси е на чекор до реализација на уште еден голем трансфер летово, а лондонскиот клуб според најновите информации го доведува Ламине Камара од Монако.
Информацијата прв ја објави трансфер инсајдерот Грејем Бејли, кој нагласи дека Челси интензивно работел на доведување на 22-годишниот сенегалски репрезентативец.
Според достапните информации, лондонскиот клуб и Монако веќе имаат основен договор околу можниот трансфер, а Французите за својот играч барале околу 60 милиони евра.
Челси очигледно немаше проблем со таа сума, особено бидејќи Камара во клубот го гледаат како потенцијална замена за Ензо Фернандез, чие преместување во Манчестер Сити се спомнува последните денови.
















