Фудбалската јавност во земјава е во жалост. Даниел Николовски, 21-годишен фудбалер на Тетекс, почина во сообраќајна несреќа во раните утрински часови.
Николовски помина низ младинските категории и првиот тим на Тетекс. Минатата сезона настапувал и за Витез во Хрватска, пред да ја продолжи кариерата поврзана со тетовскиот клуб.
Од Тетекс соопштија дека Даниел ќе остане дел од семејството и историјата на клубот и упатија најдлабоко сочувство до семејството и блиските. Деталите околу несреќата ги утврдуваат надлежните органи.
Во вакви моменти спортските резултати се повлекуваат во втор план. Младиот фудбалер беше дел од генерација што порасна во тетовскиот клуб и остави трага меѓу соиграчите и навивачите.
СуперСпорт им изразува сочувство на семејството на Даниел Николовски, на соиграчите и на сите во Тетекс. Нека почива во мир.
















