Изнервиран е Петер Шмајхел, легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, поради вчерашното случување во градското дерби.
Манчестер Сити го совлада Манчестер Јунајтед со 0:1 со голот на Ерлинг Халанд, а по натпреварот Премиер лигата се извини на Манчестер Јунајтед бидејќи голот не требаше да биде признат.
Сега, како што се очекуваше, ВАР технологијата е под удар. Еден од најгласните борци за укинување на ВАР е токму Шмајхел.
“Да го укиниме ВАР. Тој ги прави ВАР и судиите најважните лица во фудбалот и му одзема на спортот енергијата. Кога постигнувате гол, не ви е дозволено да славите. И потоа, по пет минути, играчите и навивачите слават, но тоа не е исто. Топката влегува во мрежата, тоа е гол или страничниот судија го крева знамицето и не е гол. И да продолжиме од таму. ВАР е толку иритирачки!”, рече тој.
















