Роналдо со хет-трик за 15 минути, уште 15 гола до 1.000

Кристијано Роналдо во дресот на Ал Наср
Фото: Akbar Dadashzadeh / Wikimedia Commons (CC BY 4.0)

Кристијано Роналдо постигна хет-трик во победата на Ал Наср над Ал Колуд со 5-3 во саудиската Про лига. Португалецот трипати се запиша во листата на стрелци за само 15 минути и сега го делат уште 15 гола од историската бројка од 1.000 погодоци во професионалната кариера.

Натпреварот беше неизвесен во првото полувреме, кое заврши 2-2. За Ал Наср во првиот дел погодија Анжело и Садио Мане, а за гостите двапати се запиша Жулиен Домингес.

Три гола за 15 минути

Во второто полувреме на сцена стапи капитенот на Ал Наср. Роналдо во 66тата минута донесе водство од 3-2, шест минути подоцна, по асистенција на Жоао Феликс, погоди за 4-2, а во 81вата минута го комплетираше хет-трикот за 5-2.

Домингес во завршницата од пенал го постигна својот втор гол и го постави конечниот резултат, пренесува Араб њуз.

985 гола во кариерата

Со трите нови гола Роналдо стигна до 985 погодоци во кариерата. Португалскиот ас повеќепати истакнал дека една од неговите големи цели е да стигне до 1.000 гола пред крајот на кариерата.

Роналдо игра за Ал Наср од јануари 2023 година, а со португалската репрезентација е рекордер по бројот на настапи и постигнати голови.